2win800x200

Основното училиште „Гоце Делчев“ синоќа доби  награда „Посебно признание“на манифестација „Најуспешни  битолчани за 2018 година“.Училиштето е едно од најстарите училишта во градот , изградено 1847 год. во времето на османлиската власт и е дел од културно историското наследство на градот. Тоа е единствено двојазично училиште во градот и претставува модел за интеркултурно образование.Училиштето е препознатливо по својата култура и традиција, по својата средина во која изминатиот период се имплементираа многу новини со основна цел – унапредување на воспитно - образовната работа и постигнување на врвни резултати.

-Многубројните освоени награди, реализирани проекти, предавања, работилници и презентации се доказ за нашата работа. Како резултат на имплементацијата на многуте проекти во училиштето се преземени повеќе инфраструктурни зафати и обезбедена е современа техничка опрема, дидактички и нагледни средства што придонесува за постигнување на повисоки и трајни знаења, вели директорката на ОУ „Гоце Делчев“ Биљана Стојковска.

bbbbbbbbbbbbbbbbbb

Според неа реализацијата на овие проекти е овозможена благодарение на раководните структури на училиштето, стручната служба, наставниот кадар, нашите ученици и родителите и општина Битола.

 

Дел од проектите во кој е вклучено училиштето во учебната 2018/2019 година

  • Проект „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ - Еко училиште со статус Зелено знаме;
  • Проект Меѓуетничка интеграција во образованието- мал грант (30.000ден обезбедени дидактички материјали и нагледни средства)
  • Проект Меѓуетничка интеграција на младите во образованието-финансирано од USAID (1.290.000ден.), кофинансиер општина Битола (129.000 ден)придобивки: сменати подови, врати, водоводна инсталација, одводна инсталација, плочки и санитарија во тоалетите, бојадисување на ходници и училници.
  • Проект Јакнење на меѓуетничката соработка со општините - мал грант (30.000ден обезбедени дидактички материјали и нагледни средства)
  • Проект НАНСЕН - модел за интеркултурно образование - финансирано од Нансен дијалог центар-Норвешка, опремени 9 кабинети со современа техничка опрема, училишен инвентар, нагледни средства и помагала, обезбедена стимулативна средина за учење преку молеро фарбарски работи.

„Мојата учителка најдобра на свет  е , секој од нас го милува како свое дете“ , со забава , песни и рецитали и  со срдечно добредојде  утрово беа пречекани првачињата во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола. Учениците од погорните класови подготвија програма за најмладите ученици со цел да им ја пренесат пораката  дека во училиште се учи и другарува, се стекнуваат знаења и вештини, нови познанства и пред нив се отвора еден нов свет за сите нив.40610502 242591639791838 3410285568683147264 n40590818 663107277394922 3765670649020809216 n40672663 244925732875574 4664583802012565504 n40628715 319525728594332 1558052481009713152 n40625747 268201810488384 8395135255073259520 n40679182 1945510365742000 250216827500625920 n40679199 302589303657379 2424650463275122688 n40744891 655549734826833 3299246984610709504 n40790384 500784360397113 6566626226713133056 n40967372 1697886810320778 3947036436347224064 n

Со разигран, креативен и исклучително инспиративен хепенинг  ОУ „Гоце Делчев“-Битола,  денеска го прослави патрониот празник 4 - Мај.  Во дворот на училиштето  со однапред подготвена програма учениците се претставија пред многубројните гости, присутни родители и пријатели на школото, настапувајќи со  музичко -танцувачки точки.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани