АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ескплозија на плинска боца се случи денес околу 11 часот во рибарницата „Делфин“ во Новиот пазар. Од СВР Битола потврдија дека случајот е пријавен кај нив, а интервенирала и Противпожарната единица. За време на експлозијата во рибарницата била вработената, која по настанот била пренесена во Клиничката болница во Битола. Портпаролката Сузана Конеска за Апла.мк информираше дека донесено е женско лице во Ургентното одделение, видно вознемирена, но без повреди. На жената ѝ е дадена соодветна терапија. Од експлозијата искрешени се стаклата од дуќанот, а настанот предизвикал страв и вознемиреност кај битолчаните кои работат и пазарувале во Новиот пазар.
Редакција Апла