АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 02.08.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во с.Долно Дупени, ресенско, ги лишиле од слобода Х.Љ.(36), Д.С.(41), Ј.Н.(28), сите од Битола и А.А.(35), И.Т.(47), Б.С.(37), сите од Скопје, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана. По документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.
Секторот за Внатрешни работи- Битола вчера до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.А.(45) и Б.Г.(33) и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија.