2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Запленети над 38 килограми дрога во непосредна близина на границата со Грција

Декември 04, 2017

Секторот за Внатрешни работи- Битола вчера до Основното јавно обвинителство  поднесе кривична пријава против Р.А.(45) и Б.Г.(33) и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија.

 

Имено, двајцата пријавени заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено  набавиле опојна дрога марихуана,  ја  спакувале во вкупно 38 најлонски паковки, ја ставиле во две патнички торби и  од  Албанија се упатиле преку  Македонија да извршат транспорт на марихуаната во Грција.u

Во ноќта меѓу сабота и недела околу 01,30 часот од страна на полициски службеници  биле забележани во близина на напуштената караула Лажец и на дадена наредба да застанат тројцата се дале во бегство. По кусо време, Р.А. и Б.Г. се фатени во непосредна близина на граничната линија со двете торби со марихуана, додека третото лице се упатило во непознат правец. Од извршената анализа утврдено е дека во торбите има 38 најлонски паковки со марихуана со вкупна нето маса од 38,1 килограми. Во торбите имало и 201 грам хашиш и околу 350 милилитри хашишова смола. Од страна на судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани