АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението за хуманитарни дејности „Лајонс Клуб Кабадаја“ од Битола денеска организираше традиционално Дефиле низ Широк Сокак по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет. Учениците од основните и средните училишта од Битола се собараа на плоштад Магнолија, а во исто време пред Офицерскиот дом се собраа децата од Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин” Битола.
Двете групи се сретнаа кај хотелот „Епинал“ каде точно напладне беа пуштени голем број на балони.
„Не треба да имаме еден ден во годината на кој ќе обрниме внимание на ваквите состојби, туку сите денови да бидат посветени на целокупната заедница и на тој начин би се подразбирала интегрираноста во општеството. Како градоначалник во следниот период ќе се залагам Општината да дава поголем придонес, но и образовните институции фукционално да бидат поврзани меѓусебе за суштински да ги поместиме работите во позитивна насока за оваа проблематика“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Фото : ТВ Тера