
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И градинката "Пролет", клон на ЈУДГ "Естреја Овадија Мара" е целосно обновена и со нов изглед.
Над половина милион евра, односно 34 милиони денари, вложени се за неполни четири години во сите обејкти на двете јавни општински установи детски градинки „Естреја Овадија Мара“ и „Мајски Цвет“. Со овие средства во најголем дел од општинскиот буџет, од самофинансирање, а дел и со донации сите 16 објекти на овие градинки, целосно го променија ликот. Трулежот, влагата, дотраениот инвентар и стариот мебел во зaнималните каде претстојуваа децата сега се веќе минато. Во сите градинки е инвестирано во нов мебел, нов инвентар во кујните, променета е дограмата, набавени се нови возила за потребите на градинките, целосно е лакиран пркетото, молериснаи се сите простории, набавени се нови униформи за вработените и лаптопи, а во дел од градините целосно е променета покривната конструкција и обновени фасадите.
Со грант на Владата на Јапонија целосно е реконструиран кровот на детската градинка „Коца Василевска“ која работи во рамките на ЈОУДГ Мајски Цвет“ во Битола. Исто така, со финансиска поддршка од Општина Битола реконструирана е фасадата на објектот со што сега целата надворешност има енергестка ефикасност, но и комплетно нов лик. Јапонскиот Амбасадор во Македонија, Хиронори Савада, денеска дојде во Битола, да ја означи завршницата на овој проект, а децата од оваа градинка, срдечно го пречекаа со програма подготвена специјално за настанот.
Детската градинка "Вангел Мајоро" која е клон на ЈОУДГ " Естреја Овадија Мара", летово е комплетно молерисана, а паркетот е темелно лакиран, за првпат по 40 години. Фотографиите ПРЕД и ПОТОА, покажуваат во каква состојба бил објектот и каков е сега.
