2win800x200

Започнаа градежните активност за санација на патот до битолското село Буково, откако најнапред ќе се  изгради колекторскиот систем во опфат од излезот на населбата Буковски ливади до селото  во должина од околу 1500 метри. Потоа ќе се реконструира и  коловозот. 

Заврши асфалтирањето на ул. „Партизанска“ во должина од 730 метри, откако претходно комплетно беше променета водоводната и канализационата мрежа, а се изврши промена и на водоводните и канализационите приклучоци.

Во моментов се работи на поставување на тротоар и нова патека на дел од улицата, а екипите на терен вршат порамнување и отстранување на градежниот шут. Градоначалничката Петровска и екипа од општината задолжена за реализација на овој проект, извршија увид во досегашните активности, а беа запознати о тековните активности на уредување на тротоарските површини.

Општина Битола за овој проект од сопствениот буџет инвестираше 21.931.512 денари за промената на водоводните и канализационите приклучоци, како и за новиот коловоз и сегашното тротоарско уредување. Преку Министерството за транспорт и врски за промена на водоводната и канализационата мрежа беа обезбедени 13.857.940 денари.

 

Во тек е поставувањето на атмосферска и фекална канализација на улица „АСНОМ“ во Битола. Реконструктивните зафати на оваа улица, покрај поставувањето на канализациониот систем, предвидуваат изградба на водоводни инсталации и  градба на нов коловоз.

Општина Битола во овој проект ќе го финансира поставувањето на приклучоците за водоводната мрежа и канализационата мрежа од страна на јавните претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“, како и целосното уредување на коловозот.

Министерството за транспорт и врски, го финансира поставувањето на новата водоводна и канализациона мрежа.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани