2win800x200

Новиот лик на техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, реконструкцијата е пред самиот крај

Ноември 21, 2020

 

Привршуваат градежните работи во техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола.

Градежните работи на замената на кровната конструкција и дрвената столарија во техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола се при крај. Ковид кризата си го направи своето и работите се изведуваа со забавено темпо, но сепак се гледа крајот на градежните активности. Во училиштето се заменети прозорците во целост. Отанаа уште прозорците на спортската сала кои ќе се менуваат во текот на следната недела како и главниот влез на училиштето.

-Во тек е санирањето на оштетувањата на ѕидовите од надворешната страна на училиштето. Што се однесува до кровната конструкција, комплетно е заменет целиот покрив со пластифициран профилиран лим и се поставени сите хоризонтални олуци. Се монтираат снегобрани и вертикални олуци и се поставуваат опшивки. По слободна проценка работите се завршени повеќе од 90% и искрено се надевам дека до крајот на оваа година ќе бидат завршени сите работи во целост, вели Владимир Роме, директор на Техничкото училиште во Битола.

тех 9

 

Поставување на громобранска заштита

Откако ќе заврши оваа реконструкција ќе следи нова јавна набавка за поставување на громобранска заштита за која подготовките се во тек.

-Исто така се работи на средување на апликацијата за реконструкција на фасадата на повикот кој е веќе објавен на страната на Министерството за образование и наука за реконструктивни зафати на училиштата во државата. Искрено се надевам на позитивен исход и на пролет училиштето да добие нова енергетски ефикасна фасада со што објектот ќе биде целосно реконструиран, за првпат после 35 год од неговата изградба, рече Роме.

тех 5

 

Реконструкција на спортските терени во дворот на училиштето

Во тек се активности на изработка на проект за реконструкција на спортските терени во дворот на училиштето кои се во крајно лоша состојба и изградба на патека со која ќе се реши долгогодишниот проблем со граѓаните кои постојано минуваат низ дворот на училиштето како би стигнале до новиот Градски пазар.

-Игралиштата ќе добијат нов лик со можност и за ноќно спортување. На овој начин во градот ќе има уште едно добро уредено место за спортски активности кои покрај нашите ученици ќе можат да го користат и граѓаните. Со овој проект повеќе нема да може дворот на училиштето да се кориси како пешачка патека и на тој начин ќе се решат сите проблеми со кои се соочувавме до сега, порачува директорот Роме.

тех 2

тех 4

тех 6

тех 7

 

тех 8

тех 1

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани