2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Започнаа градежните активности за санација на патот до село Буково и изградба на колекторски систем

Февруари 24, 2021

Започнаа градежните активност за санација на патот до битолското село Буково, откако најнапред ќе се  изгради колекторскиот систем во опфат од излезот на населбата Буковски ливади до селото  во должина од околу 1500 метри. Потоа ќе се реконструира и  коловозот. 

Градоначалничката Наташа Петровска, директорот на КЈП „Нискоградба“ и задолжените екипи за изведба на терен, ја посетија локацијата од каде стартува проектот и ги запознаа присутните и локалното население со начинот и динамиката на работа.

DSC 0650

„Вкупната инвестиција во овој дел ќе биде над 13.000.000 денари, исклучиво средства од Општина Битола, со што ќе озовможиме подобрени услови и услуги кон граѓаните од овој дел, бидејќи станува збор за село кое што е живо, со голема традиција и во близина на градот. Со овие активности ќе овозможиме и заштита на животната средина, а воедно и подобрени услови за развој на руралниот туризам, кој што и тоа како претставува атракција во денешницата, кога зборуваме за туризмот. Со овој проект продолжуваат градежните активности кои што досега ги изведуваше Општина Битола и со кои покажавме дека општината се грижи за сите населени места“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

DSC 0637

КЈП „Нискоградба“ склучи договор со Општина Битола во вредност од околу 8.000.000 денари за изведба на фекалната канализација и колекторскиот систем.

I R compress 1614173145314

„Со изведбата ќе бидат прифатени сите фекални води од селото, а во иднина се предвидува, повторно во соработка со Општина Битола, да се изведи изградба на секундарна канализација за која проектот е изготвен“, посочи директорот на КЈП „Нискоградба“, Методи Силјановски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани