АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Две градежни парцели кои сега се во рамките на Индустриската зона Жабени да се отстапат на Владата за формирање индустриска зона на државно ниво, со што инвеститорите на ваков начин ќе можат да ги користат поволностите кои важат за инвестирање во ТИРЗ-овите. Ова е иницијативна на градоначалничката Наташа Петровска, а денеска од страна на комисиите на Советот на Општина Битола, едногласно беше прифатен овој предлог за намалување на опфатот на ИЗ „Жабени“.
-На овој начин, ќе се овозможи инфраструктурно доуредување, но и можност за инвеститорите да ги користат олеснителните околности кои важат за инвестирање во ТИРЗ и индустриски зони на државно ниво. Инвеститорите ќе имаат можност да одберат за вложување во ИЗ „Жабени“ или во индустриската зона формирана од Владата, со што се зголемува конкурентската способност на зоната во целина.Со ова се потврдува фактот дека заложбите за локален развој се еден од најважните приоритети на општината, за кои градоначалничката Петровска, лично се вложи во конкретниот случај со цел овозможување на реална конкурентност, информираат од Општина Битола.
Иницијативата на Петровска, ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советото на Општина Битола, а советниците треба да гласаат за одлуката со која ќе се намали опфатот за 3,2 хектари од постоечките 85 хектари. ЈП за стопанисување со Јужна индустриска зона „ЖАБЕНИ“ Битола ќе продолжи да стопанисува со останатата површина од 81,8 хектари од градежното земјиште сопственост на РС Македонија
-Убедени сме дека Советот на општината едногласно ќе го поддржи значењето на сето ова, со цел наскоро, со ветената поддршка од државата да добиеме можност за просперотетен локален економски развој и нови инвестиции во нашата општина, наведуваат од Општина Битола