АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За време на посетата на РЕК Битола каде се одбележа Денот на рударите, запршан дали државата ќе одговори на барањата на бизнисмените да им се помогне во справување со високите сметки за електрина енергија и да им плаќа дел од нив, министерот Бектеши рече дека државата веќе му помага на стопанството, а посочи дека има и злоупотреби како што е случајот со Општина Битола и ЈП Жабени.
-Моментално во нашата држава, 72.000 компании се на регулиран пазар и се снабдуваат со струја од АД ЕСМ. Само еден мал дел од компаниите, главно големите компании кои имаат од 1.000 до 2.000 вработени се на слободен пазар, а тоа значи дека тие се снабдуваат од одредени трговци кои се лиценцирани во нашата држава за да ги снабдуваат со електрична енергија. Над 70.000 компании во нашата држава се снабдуваат како мали потрошувачи бидејќи имаат под 50 вработени и немале обрт над 2 милиони евра согласно законот за енергетика. Тоа значи дека сите тие добиваат цена од 200 евра по мегават час, а цената на струјата на слободниот пазар, на светските берзи во пикови е над 800 евра и ако направиме споредба на 800 со 200 евра, и ако утре на пример падне на 400 евра, тогаш како може да се тврди дека нема субвенција од државата, појасни Бектеши.
-Има злоупотреби на електричната енергија. Јас тоа јавно сум го кажал дека компании кои што имаат над 50 вработени регистрираат нивни подружници, други компании, а бидејќи сме во Битола, да знаат граѓаните дека градоначалникот на Битола преку Советот и ја префрлил одговорноста за плаќање на електричната енергија за јавно осветлување на таа ЈП Жабени, компанија која што има под 50 вработени, се со цел да направи проблем во електроенергетскиот систем и во делот на номинациите на електрична енергија и на дистрибутерот и на таков начин да направи штета во делот на определување на цената на електричната енергија која се носеше на 1 јули. Значи над 70 илјади компании во нашата држава се субвенцинираат од страна на државата преку ЕСМ, преку напорите на овие вработени во ЕСМ кои го зголемиле производството споредбено со претходната година. За другите три до четири илјади компании кои се на слободниот пазар, секогаш сме отворени да седнеме да разговараме, но првенствено треба сите да покажеме, почнувајќи од нас како институции, затоа мерките се задолжение за инситутциите, а препораки за стопанството и за локалната самоуправа. Зошто се препораки, зошто сите заеднички да покажеме дека сакаме да се грижиме, да штедиме, а со тоа да го намелиме притисокот врз ЕСМ, која работи со 25 проценти зголемено производство“ рече Бектеши.
Министерот за економија порача дека сега е време кога сите треба да покажат дека вистински сакаат да се штеди електрична енергија, за како што рече да го намалиме притсокот врз АД ЕСМ кој сега работи со 20 насто зголемено производство на електрична енергија