2win800x200

Битола отсекогаш била аристократски град, рече Мони Дамевски на затворањето на „Браќа Манаки“, пренесувајќи што рекла неговата мајка

Август 26, 2022

Со проекцијата на македонскиот филм „Снежана на крајот умира“, синоќа во Битола се затвора 43 издание на фестивалот „Браќа Манаки“.

Од 14 светски филмски остварувања во главната конкуренција, Златната камера 300 отиде во рацете на кинематограферот Рубен Импенс    за шпанскиот филм „Осумте планини“

Сребрената камера 300 ја освои директорот на фоторграфија Дарија Дантони за италијанскиот филм „Божја рака“, а пак Бронзената камера 300 интернационалното жири одлучи да му ја додели на јапонскиот кинематограферо Хидетоши Шиномија за филмот „Вози ја мојата кола“

манаки3

На церемонијата на свеченото затворање на британскиот кинематогрфер Џон Метисон му беше врачена специјалната камера 300 за особен придонес во светскиот филм. Метисон е познат како директор на фотографија на ремек делата Гладијатор, Фантом од операта, Крлот Артур, Робин Худ, Ханибал и многу други филмски оставрувања 

-Посакувам да го имам својот фотоапарат да ве сликам јас вас додека ми ја доделувате наградата, а не вие мене, можеби не сум и соодветно дотеран за тоа. Луѓето не знаат колку е тешко страници и страници црно бел текст да се преточат низ камера  и тоа на визуелен јазик. Ова не е обид да се зачува јазик на некоја група што го зборува, затоа што визуелниот јазик секој го разбира. Така и почнало се, било потребна музика, но не биле потребни зборови. Кога снимале Браќата Манки имало само слики, а сликите сите ги разбираат, рече Џон Метисон, кинематографер добитник на Златна камера 300 за особен придонес. 

00073.MTS.00 00 55 13.Still002

Фестивалот годинава траеше 8 дена, а беа прикажани над 60 филмови во сите категории.

-Овој фестивал е бисер со кој што можеме да се гордееме, не поради мене, туку поради сите што работеле пред мене.  Создале таква репутација, што на кого да му се јавите вели ако можам ќе дојдам,  ако не можам, догодина доаѓам. Знаевме дека имаме добри филмови, знаевме дека имаме фантастични жирија, знаевме дека имаме исклучителни добитници на Златната камера 300. Но не знаевме колку луѓе ќе дојдат во киносалите, не знаевме како ќе се чувствуваат нашите гости, и не знаевме како ќе се чувствуваат битолчани. Многу е важно Битола да го доживее овој фестивал како свој. Се надевам дека така беше, затоа што киносалите беа полни. И ако нешто ви значи ќе ви кажам мајка ми што мисли за фестивалот. По свеченото отворање  ми се јави трипати, еднаш да ми каже нејзиното мислење, потоа на  нејзината пријателка  и на крај на другите пријатели што и се јавиле колку убаво било отворањето. Коментирале „а бе Битола многу дотереани и убави луѓе има“. А мајка ми им рекла Битола отсекогаш бил аристократски град, рече Мони Дамевски, директорот на ИФФК Браќа Манаки и додаде дека е задоволен од 43 издание.  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани