2win800x200

Нашите екипи редовно ги чистат шахтите, канализациониот систем е нефункционален, одговори Нискоградба на ултиматумот на Поинаку

Август 23, 2022

Изминатите денови општина Битола се соочи со временски неприлики од голем размер, кои предизвикаа поплавени улици и застој на вода на одредени локации. Нашите екипи, иако делуваат редовно на терен во однос на чистењето на одводните шахти, повеќегодишната запоставеност на постоечките ободни канали и неизграденоста на нови ободни канали, резултираат со нефункционалност на канализациониот систем и одводнувањето, велат од Нискоградба по бројните критики од граѓаните за попалвените улици, но и од независната советничка група Поинаку која е дел од владеачкото мнозинство, дека не презеле активноти да го превенираат овај проблем.

-Како пример, населбата Баир, до Булеварот 1 Мај, по секој пороен дожд се соочува со проблеми на нефункционалност на каналската мрежа, а истите проблеми се јавуваат и во населбите Буковски ливади, Брусничка и Лавчанска населба и Стрчин. Нашите екипи во овие области редовно ги чистат сливниците и решетките, но очигледно се потребни нови зафати, бидејќи при секое чистење екипите се соочуваат со хаос од отстранување на ѓубре и градежен шут во шахтите. Чистењето се одвива во зависност од временските прилики и според договорот склучен меѓу општината и КЈП Нискоградба. Во текот на оваа недела, нашите екипи ќе работат на чистење на сливници и шахти на потегот на улиците Стив Наумов -Партизанска -Дулие -Филип II Македонски -Железничка. Исто така, би сакале да Ве известиме дека поради лошата хидролошка состојба која се очекува во текот на оваа недела, чистењето на реката Драгор ќе се реализира со мало задоцнување. Потсетуваме дека минатата година, коритото на реката Драгор не беше исчистено.
Во однос на нашиот работен ангажман во паркот во Нова Битола, заедно со ЈП Комуналец и ЈКП Водовод, ќе ги започнеме теренските активности во текот на утрешниот ден, напишаа од КЈП Нискоградба Битола 
Поинаку преку социјаните мрежи побара раководните лица на КЈП Нискоградба Битола во рок од 3 дена да донесат одлука за формирање на посебни екипи за редовно чистење и одржување на шахтите низ градот, како и за проценка на нивното ниво на собирен капацитет и пропусност, потоа во  следните 3 дена КЈП Нискоградба да започне со чистење на коритото на реката Драгор, за кое се одобрени финансиски средства од Буџетот на Општина Битола, а во истиот рок  Нискоградба да започне со градежните работи на локацијата предвидена за Нов градски парк во нова Битола, за што исто така се обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општина Битола. 
 
 
Барањето е доставено до Управниот и Надзорниот одбор на КЈП Нискоградба Битола, а доколку у барањата не бидат исполнети,  посочија дека ќе предложат  до Советот на Општина Битола разрешување на сите актуелни членови на Управниот и Надзорниот одбор на КЈП Нискоградба, како и разрешување на директорот од страна на градоначалникот.  
 
301215091 613901006778754 7030716695246847807 n
 
300591112 5345083032236613 2975105952217432028 n
 
300722750 1056827695203406 9017739814126110503 n
 
21111
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани