2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Коњановски веднаш да го објави идејното решение за просторот кај ЈАТ, реагира СДСМ

Август 17, 2022

Градоначалникот Тони Коњановски веднаш да го објави идејното решение за просторот кај поранешен ЈАТ! Како ќе ги руши гаражите дури јавноста нема јасна и прецизна слика:

- што е предвидено во Деталниот урбанистички план за овој простор? Отворен паркинг или катна гаража со трговски центар и дуќани кои треба да завршат во рацете на ДПМНЕ?

- какво е сообраќајното решение за просторот? Колите ќе вртат десно од поштата, ќе поминуваат низ амбиенталната улица кај Пионерски, низ пешаците?

- станарите од зградата кај ЈАТ, над 300 на број, за гаражите плаќаат данок на имот, што значи тоа се објекти во нивна сопственост. Општината ќе руши кај сака и кога сака низ Битола?

- на која страна во изборната програма, Коњановски има ветено нешто за просторот кај ЈАТ? Се што ветуваше реализира, па уште ова му остана, праша Бојан Стефановски од СДСМ Битола

Во својата изјава тој посочи: „Коњановски нека не тера инает со граѓаните и нека не оди по умот на ресенчанецот кој го назначи за главен архитект на Битола. Тој Ресен го среди, уште Битола му остана. СДСМ стои на страната на граѓаните и со сите сили и механизми ќе се бори против самоволието на градоначалникот Коњановски и на ДПМНЕ. Гаражите кај ЈАТ се само почеток на походот за рушење кој локалната власт го планира во Битола. Нашите информации се дека следни на удар се трафики и слични објекти од кои егзистираат стотици наши сограѓани. Коњановски ветуваше создавање и иднина, а првото за што се фати е рушење на минатото и сегашноста. Коњановски наместо да гради, сака да руши и да ја обезличи Битола“, рече Стефановски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани