2win800x200

Започна реконструкцијата на кровот и столаријата во Техничкото училиште во Битола

Јули 30, 2020

 

Од денес започнаа работите на замена на кровната конструкција и столаријата во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ - Битола, проект кој се реализира со донација од Бугарската амбасада во износ од 133.000 евра и кофининасирање од страна на Општина Битола од 27.000 евра. За изведба на градежните работи училиштето имаше распишано тендер на кој после завршената аукција беше избрана најповолната понуда од страна на фирмата ИБО ПОД од Прилеп. Извршени се контролни мерења за сите позиции на столаријата која комплетно ќе биде заменета со ПВЦ дограма, а од денес се во тек активности на отстранување на кровната конструкција која во најголем дел е изработена од азбестни салонитни плочи кои се познати по своето штетно влијание врз здравјето на луѓето.
 
Ова е прв поголем реконструктивен зафат од изградбата на училиштето во 1986 година. Времето си го направи своето, а во одржувањето на училиштето не беше воопшто вложувано. Оваа локална самоуправа покрај тоа што ги врати долговите на училиштата наследени од претходната власт во износ поголем од 4.300.000Е во континуитет вложува во обезбедување на подобри услови за работа на учениците и наставниот кадар. Деновие заврши и комплетната реконструкција на машките тоалети во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ - Битола, активност која во целост беше реализирана со средства од Општина Битола. 
116588785 294644098277583 3870665966197758049 n
 
 
Како што ни кажа директорот на техничкото училиште Владимир Роме, во план е целосна реконструкција на паркетот во спортската сала и замена на осветлувањето во истата, изградба на модерни спортски терени за кошарка, ракомет и мал фудбал со можност за ноќно спортување, замена на целокупното осветлување во училиштето со ЛЕД светилки со што во голема мера ќе се заштеди на електрична енергија и многу други активности за подобрување на условите за работа. После замената на кровната конструкција ќе следи поставување на фотоволтаични панели кои се донација од ЕЛЕМ со кој се планира дополнителна заштеда на трошоци за електрична енергија.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани