2win800x200

Започна реконструкција и подобрување на археолошкиот локалитет Хераклеја

Јули 30, 2020

 

Започна реконструкција и подобрување на археолошкиот локалитет Хераклеја. Активностите се дел од проектот Смарт-кул-тур финансиран во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Вкупниот буџет изнесува 704 590 евра од кои 85 проценти од ЕУ, а останатите 15 проценти од Владата. Активноста опфаќа адаптација и подобрување на Хераклеја со вкупен буџет од 132 илјади евра со што ќе се подобрат условите за посета , како и збогатување на туристичката понуда воопшто. 
Ќе се поплочи пешачката патека од влезот на Хераклеја па се до театарот, изработка на соодветни практикабли за поставување на нова сцена, зафати врз видиковецот, поставување соларни светилки, лифт за лица со посебни потреби, осовременување на музејот, поствување на нова музејска поставка  со поголем број на исложени предмети и други зафати.  
116259743 959248771165000 8946515633835976468 n
 

„Помеѓу овие ѕидови, низ овие патеки и покрај нашите мозаици кои се протегаат на површина од преку 1000 метри квадратни поминуваат просечно околу 20 000 туристи годишно, културните настани ги посетуваат најмалку 10 000 посетители годишно, а сѐ уште имаме простор за унапредување. Очекуваме бројот на туристи и посетители да биде за 35 до 40 процети повисок не земајќи ги во предвид состојбите со појавата на ковид-19“, рече Мери Стојанова, директор на Завод и музеј Битола.

мери

Прес конференцијата за промоција на проектот, на кој присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар, се одржа на видиковецот во Херкалеја по сите протоколи за заштита од ковид-19. Жбогар рече дека вкупниот буџет за „Смарт-кул-тур“ е 704 590 евра, од кои 85 проценти ги обезбедува ЕУ, а останатите 15 проценти државата.

„ Во моментов поддржуваме 14 проекти во временост од 4,5 милиони евра, тековни проекти, а во септември ќе има нов повик за дополнителни 5 милиони евра за прекугранична соработака. Со Општина Битола соработуваме на пет проекти, а наскоро ќе има и уште еден голем за прочистителна станица за вода и канализација“, рече евроамбасадорот.

 

 
116423124 2728629194091187 8287243795079910969 n

„Проект преку кој се врши конекција на културните вредности од двете страни и отвора простор за нови настани кои ќе ја зголемат атрактивноста на овој регион. Општина Битола  има 5 активни проекти поддржани од ЕУ во висина од над 2 милиони евра, тоа е сериозна поддршка која отора добри основи за следни перспективни. Дел од активностите опфатени со овој проект, а се во надлежност на Општина Битола е пристапот кон Хераклеја, патот кој треба да обезбеди лесен приод и да биде по стандарди, како и партерно уредување од лева и десна страна, па сите посетители да не се истоштуваат со тоа каде да ги остават возилата“, рече градоначалничката Наташа Петровска.. 

HERAKLEJA

Археолошкиот локалитет никогаш не бил пристапен за лицата со инвалидитет. Сега се поставува лифт и друга придружна инфраструктура за тие да можат да го разгледаат локалитетот и да присусвуваат на културни настани. 

„Не е само да го имате културното наследство туку и да го одржувате и да имате инфраструктура за пристап. За првпат Хераклеја ќе биде пристапна и за лицата со посебни потреби зашто проектот предвидува инфраструктура до амфитеатарот и за целиот локалитет“, рече Горан Милевски, министерот за локална самоуправа.

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани