АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Над половина милион евра, односно 34 милиони денари, вложени се за неполни четири години во сите обејкти на двете јавни општински установи детски градинки „Естреја Овадија Мара“ и „Мајски Цвет“. Со овие средства во најголем дел од општинскиот буџет, од самофинансирање, а дел и со донации сите 16 објекти на овие градинки, целосно го променија ликот. Трулежот, влагата, дотраениот инвентар и стариот мебел во зaнималните каде претстојуваа децата сега се веќе минато. Во сите градинки е инвестирано во нов мебел, нов инвентар во кујните, променета е дограмата, набавени се нови возила за потребите на градинките, целосно е лакиран пркетото, молериснаи се сите простории, набавени се нови униформи за вработените и лаптопи, а во дел од градините целосно е променета покривната конструкција и обновени фасадите.
Директорката на ЈОУ „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска, вели дека инвестирано е во 9 сите објетки кои се дел од оваа јавна општинска установа, а вкупно е вложено 18 милиони денари или околу 300 илјади евра. Во некои од клоновите капитални инвестиции немало и повеќе од 40 години, односно откако се изградени градинките и пуштени во употреба. Во објектите на „Естреја Овадија Мара“ има капацитет за згрижување 911 деца, а по КОВИД-протоколите во моетот се згрижени 550 деца, но поради годишните одмори овој број е преполовен.
Директорката на ЈОУДГ „Мајски Цвет“, Снежана Тодоровска, вели дека за обнова на 7 објектите се вложени над 16 милиони денари, за промена на мебелот, детските креветчиња, столчиња и масички за сите 32 занимални, променети се прозорци, набваен е нов инвентар за кујните, набавени се нови униформи за вработените, но изведени се и капитални инвестции како во градинката „Коца Василевска“, каде со грант од Владата на Јапонија и средства од Оптшина Битола, променет е покривот и поставена е енергетски ефикасна фасада. Во оваа градинка според КОВИД протоколите се згрижени над 400 деца, но летово со одморите и овде бројот е преполовен.
Освен овие вложувања во веќе постоечките објекти за подобрување на улсовите за згрижување на децата, се прошируваат капацитетите на градинките, па сега можат да се згрижат доплнителна бројка од 150 деца, а веќе се градат и два нови градинки со капацитет од 400 деца, со што серизоно се зголемува опфатот на деца во грдинките во Битола, проблем кој се провлекуваше со години, поради што се правеа долги листи на чекање за запишување во некоја од градинките.
Фотографии од „Естреја Овадија Мара“ пред и потоа
Фотографии од градинките „Мајски Цвет“ во кои се извршени интервенции