АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со градоначалничката, Наташа Петровска, го посетија Здружението на пензионери во Битола. Од страна на претседателката, Даница Петличкова, беа информирани за активностите што ова здружение ги спроведува меѓу своите членови.
Посебно се задржа на изработката на социјалната карта за осознавање на материјалната и здравствената состојба на пензионерите, а градоначалничката Петровска информираше дека завршени се процедурите во неколку месни заедници да бидат прилагодени простории за активност на пензионерите
Министерката Шахпаска зборуваше за важноста за целосно вакцинирање на пензионерите од Ковид 19 за да можат тие да бидат здравствено заштитени.