АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Магистерот по биотехнички науки и досегашен инспектор во државниот инспекторат за земјоделство, Стевче Митревски, ќе биде нов кандидат за градоначалник на Демир Хисар, објави денеска генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, кои ги соопшти имињата на уште 16 кандидати за градоначалници, со што СДСМ вкупно утврди 51 кандидат кој ќе одат на следните локални избори. Николовски рече дека партијата оди на сигурна победа со Митревски
-Во Демир Хисар СДСМ оди на победа со нов кандидат за градоначалник и тоа по сите истражувања и анкети, кој ќе биде градоначалник уште во првиот круг, магистерот по биотехнички науки Стевче Митревски, досегашен инстепктор во држаниот инспекторатот за земјоделство, добро познат помеѓу граѓаните и жителите на Демир Хисар, рече Николовски
Во Демир Хисар противкандидат на Митревски од редовите ВМРО ДПМНЕ ќе биде Никола Најдовски, магистер по хемија, вработен како наставник во Демир Хисар