2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Топлотen  бран од Африка  носи  екстремно високи температури, а пустинска прашина  го загади  воздухот во повеќе градови низ Македонија. 

Од УХМР информираат дека од северните делови на Африка се пренесува прашина од Сахара во повисоките слоеви на атмосферата, поради што и има и замагленост во воздухот.  Оваа појава ќе се задржи во наредните денови кога ќе има највисока концентрација на прашина и температурни над 40 степени, а во сабота се очекува намалување на температрата и расчистување на воздухот.

- Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР

И Министерство за здравство информира дека во текот на следните два дена, 24 и 25 јуни (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза.

Од таму велат дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години;
Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот итн

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани