2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802


На иницијатива на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, во текот на денот се изведува масовна акција за чистење и дезинфицирање во градот. Акцијата ја изведуваат битолските јавни претпријатија, со своја опрема и вработени лица, под координација на ЈП „Комуналец“ Битола.

Во должина од 2700 метри се чисти коритотот на реката Шемница по течението во атарот на селото Црнобуки. Работите ги изведува  водостопанското  претпријатие „Битолско Поле“, по договорот склучен со Општина Битола, за темелно отстранување на дрвјата, корењата и отпадот во овој дел  кој не бил исчистен повеќе од 25 години.

Вработените во јавното претпријатие „Стрежево“ - Битола, масовно се приклучија  кон акција што  под мотото „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ во организација на Владата и иницијативата „Не биди ѓубре“ Денес се спроведе организирано  чистење на браната кај Стрежевското езеро  со придружните објекти со посебен акцент за разубавување на просторот околу кула зафат. 

Над 200 метри кубни ѓубре е собрано во есенската акција за чистење на повеќе од 20 диви депонии во урбаниот дел на Битола, во која учествуваа сите јавни комунални претпријаија од градот, а се приклучија и голем број граѓани  кои живеат во близина на овие депонии..

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани