АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се продава гасната централа Логоварди Битола. Во јавниот повик за понуди објавен на интеренет страницата на Македонска берза пишува дека сопственикот „ЗК Пелагонија“ го продава 100% удел.
Компанијата ЗК „Пелагонија“ АД Битола соопшти дека е објавен јавен повик за доставување на понуди за интерес за купување на уделот кој ЗК Пелагонија АД Битола го поседува во Трговското друштво за производство на електрична енергија „Пелагонија енерџи“ ДООЕЛ Логоварди Битола.
Според информациите од компанијата, уделот претставува 100% од основната главнина на Друштвото и е со номинална вредност од 413.913.100,00 денари или 6,7 милиони евра и која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати електрична енергија.
Според пишувањата во медиумите, гасната централа има лиценца за производство на електрична енергија од биогас до 2030 година, а цената на мегаватчас за овој вид енергија е 180 евра.