АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Летово седумте детски градинки во рамките на ЈОУДГ „Мајски цвет“ во Битола, се реновираат, бојадисуваат, климатизираат и обновуваат.
По 15 години, се врши бојадисување на сите градинки кои се во состав на оваа јавна установа. Бојадисувањето во дел од објектите се уште е во тек и според плановите на изведба, ќе заврши до 8 септември годинава. Во градинкие „Пеперутка“ и Славејче“, во тек е стружење и лакирање на паркетите во објектите.
Паралелно се менува внатрешната дограма во градинките „Пеперутка“, „Славејче“, „Кокиче“ и „Качунка“, а станува звор за менување на 54 врати во објектите.
Во сите седум детски градинки, училниците ќе бидат климатизирани. Во дел од нив, поставувањето на клими е завршено, а се очекува до почетокот на новата учебна година, да бидат завршени и овие активности. Од управата на градинките истакнаа дека вредноста на сите овие зафати изнесува околу 1.700.000 денари.