АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешната прес конференција, министерот Филипче рече дека сме во фаза во која се воведени најрестриктивните мерки и ги повика граѓаните да ги почитуваат, затоа што само така ќе бидеме поблиску до враќање на животот во нормала.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека се следат сите пацинети заболени од КОВИД-19 кои се во домашно лекување, а двајца од нив се веќе негативизирани уште во текот на вчерашниот ден.
Инаку, во Клиничката болница има четворица пацинети , тројца од нив се во стабилна состојба, а еден пацинет е на кислородна поддршка.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е капацитетот на Битолската болница во свлучај да треба да се примат пациенти со коронавирус, рече дека таа е доста солидна и екипирана здравствена установа, со добра инфраструктурна поставеност, но нема да се користи како болница каде ќе се лекуваат овие пацинети.
„Многу солидна и екипирана болница е со ниво на експертиза и со добра инфраструктурна поставеност. Но, нема да има други центри за лекување на пацинетите со коронавирус освен болниците кои цело време ги спомнуваме Инфективната клиника со дополнителниот капацитет и болницата „8-ми Септември“ пред се поради експертизата“, рече Филипче.