АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не само што го читаат „Белото Циганче“ од познатиот детски писател Видое Подгорец, ученици од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола ја посетија и неговата родна куќа во струмичкото село Колешино. Тие учествуваа на литературната манифестација „Средба под јаворите“, во рамки на која на поетскиот конкурс „Денови на Подгорец“, осум годишната ученичка Леона Марковски од ОУ „Елпида Караманди“, под менторство на наставничката Гордана Угриновска, освои втора награда во категоријата на ученици од второ и трето одделение. На конкурсот имаше околу 600 пријавени творби во три категории од ученици од второ до деветто одделение.