Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска ( 20.02.2021), по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом кај У.К. (34) во с. Граешница, битолско и Ш.К. (29) во с. Граешница, битолско. При претресoт пронајдени и одземени се автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, три најлони марихуана и една вреќа) марихуана,566 семки канабис, како и други предмети. Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.