АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Регионално географско друштво „Геосфера“ од Битола, во рамките на проектот „И на БАИРОТ се МОЖЕ“ во 2021 година спорведе бројни проекти кои го подобрија квалитетот на живот во ромската населба.
Меѓу позначајните беше тоа што исчистија една од најголемите диви депонии во населбата Баир во Битола, со над 100 метри кубни отпадоци. На местото на депонијата оформија детски парк со клупи, маси, детски реквизити и секое дете од Баирот посади свое дрво, со што, формираа нов зелен појас.
Понатаму, ангажираа млади лица од ромска националност за одржување на хигиената во населбата Горен Баир. Им донираа 35 канти за отпадоци од 120 литри на домаќинствата во Горен Баир. Месечно ги снабдуваа домаќинствата со вреќи за отпадоци од 120 литри. Од „Геосфера“ велат дека вовеле еколошки навики кај населението за соодветно депонирање на отпадот.
„Изработивме и демографска и комунална анализа на населбата и ги мапиравме проблемите на населнието преку интерактивни карти. Реализиравме седум работилници со децата и жените од населбата, за реупотреба на отпадна пластика и текстил. Ја подигнавме свеста кај институциите и граѓаните на Битола за супстандардните услови за живот во населбата Баир преку бројни постови на социјалните мрежи и изработка на две видеа“, велат од „Геосфера“.
Видеата можат да се погледаат на следните линкови:
„Останува на Општина Битола и на ромското население од населбата Баир, да најдат сили да го сочуваат направеното, за подобар живот на сите“, додаваат од Здружението.
Реализираните активности се финансиски поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија.