2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во услови на пандемија со ковид-19, само 18 советници кренаа два прсти за да ја изгласаат иницијативата на Општина Битола да се даде донација од 10 000 евра за Клиничка болница во Битола за набавка на апарати за кислородна поддршка.

Останатите беа отсутни, односно исклучени кога се гласаше по оваа точка на денешната седницата што се одвиваше онлајн поради коронакризата. Во советот има 31 советник, а нешто помалку од половината не гласаа никако за помошта што треба да ја даде Општината за да се обезбеди дополнителна кислородна поддршка за хоспитализираните пацинети од ковид-19.

Точката беше изгласана зашто кворум имаше, а освен овие 18 советници кои ја поддржаа, другите беа отсутни. Меѓу нив советници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  и Поинаку, меѓу кои има и здравствени работници.

Точката на дневен ред беше најавена уште на почетокот на седницата, а се гласаше како крајна. Инаку ја иницираше градоначалничката Наташа Петровска со цел да се помогне на Инфективното одделение во Клиничка болница каде до денес беа хоспитализирани 67 пацинети.

Инфективното одделение во Клиничката болница е регионален центар за ковид-19, а подготвуваат и нови капацитети за понатаму со оглед на тоа дека бројот на пацинети со коронавирус расти. . Во Битола денес имаше 33 новозаразен со коронавирус, а бројот на активни случаи е 269. .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани