АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес Могила и Новаци избираат градоначалник. Во овие две пелагониски општини има прегласување во вториот круг од локалните избори, откако во првиот не успеаја да изберат кој ќе ги води во следните четири години.
Партиски митинг во салата во општина Могила одржа синоќа ВМРО-ДПМНЕ за поддршка во вториот круг на изборите на Стево Пивковски, кој тврдеше дека е независен канидадат.
Пивковски, срдечно го пречека и се поздрави со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувески, кој, на истото место, пред четири години, во кампањата за локалните избори го нарече преварант. Синоќа заедно им се обратија на могилчани и ја побараа довербата од нив.
Во општина Могила во вториот изборен круг силите ќе ги одмерат Јасмина Гулевска од коалицијата на СДСМ која претходно освои 1313 гласови или 35,31 проценти и Стевче Пивковски, независен кандидат позади кој застана и ВМРО-ДПМНЕ со освоени 1415 гласови или 38,06 приценти во првиот круг. Разликата меѓу Пивковски и Гулевска е мала и со состои од 102 гласови.