АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За безбедно прославување на Новогодишните и Божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола, ви препорачува да ги почитувате следните совети:
Објавувајќи ја програмата за дочекот на Новата година на плоштадот Магнолија, градоначалничката Наташа Петровска испрати емотивна порака на својот фејсбук профил до битолчани.
-Драги мои, животот е премногу краток за да зборуваме само за проблемите. Доаѓа Нова Година. Можеби недоволно, можеби премногу, но сепак ќе се израдувам со сто насмевки за барем една разбудена ваша насмевка со програмата на плоштадот. Да сте здрави и живи. Јас да бидам ВАША на дела, не на зборови, пишува Петровска на својот фејсбук профил.
Поставена е новогодишната елка висока над седум метри која за време на празниците ќе го украсува центарот на градот. Покрај елеката, деновиве предновогодишно беа накитени и градските улици. Дел од украсите се од ланската година зашто новата локална власт наследи долг од околу 13 милиони евра што треба во иднина да се плаќа, па за жал тоа ќе се одрази и врз прославата на Новата година. Веќе е најаевно дека за новогодишната ноќ нема да се трошат големи суми пари како што тоа беше практикувано низ минатите години , туку дека ќе се организира скромен дочек.
Општина Битола да се откаже од прославата на Нова Година на плоштадот Магнолија и средствата да бидат наменети за набавка на еколошки билборди, побара денеска , Борче Димитровски , советник од опозицијата во Советот на Општина Битола, обелоденувајќи досега за јавноста непозната информација , дека изминатите години бившата локална власта од ВМРО-ДПМНЕ, трошела околу 50 илјади евра само за дочек на Нова Година.