АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Информации излегуваат надвор од Општината што покажува дека делови од општинската администрација имаат елементи на непрофесионализам, за разлика од други кои професионално си ја обавуваат работата, рече градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет.
За време на советничките прашања, Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ, ја праша Петровска колку пари се потрошени за двете нејзини патувања во Епинал, и оние во Белград и Софија. Околу трошоците за патувањата во странство, таа ги повика советниците од опозицијата во сметководство да ги видат аналитичките картички, за кои рече дека сега се достапни за разлика од периодот кога тие беа во опозиција.
„Од говорница ги замолувам службите во сметководство било кој советник кога ќе ја побара аналитичката картичка да им ја дадат. Иако знам дека имаат целосен увид бидејќи информациите кои не ги добиле како информации од јавен карактер излегуваат надвор од општината, покажуваат дека дури има и сега спеги кои ги злоупотребуваат и ни покажуваат дека одредени делови на општинската администрација имаат и елементи на непрофесионализам зашто не го прават тоа професионлано и онака како што законот им дозволува, за разлика од други кои совесно и професионално работат“, рече Петровска.
Запрашана дали има санкции за лица кои непрофесионално работат и кои не си ги завршуваат работните задачи, Петровска одговори дека има санкции и покренати дисциплински мерки за одредени ситуации согласно законот. Воедно формирана е и комисија која треба да кажи на кој начин треба да се толкува нивното однесување.
На денешната седница на Совет за време на советнички прашања, Габриела Илиевска од Поинаку ja праша Петровска дали во Епинал заминала за време на протестот за чист воздух кој се одржал во Битола и зошто во делегација имало исклучиво советници од СДСМ.
Петровска рече дека првиот пат била во Епинал лани, кога не се задржала ни 24 часа, повеќе се истрошила и не било шетање како што на некои советници им изгледало, а ден претходно излобирала да се добијат средства за прочистителната станица за Дихово.
„Годинава кога бев во Епинал се славеа 50 години од збратимувањето. Ако имате делегации од сите збратимени градови од Англија, Италија, Чешка, Германија каде што целосно програмата беше посветена на збратимувањето на Битола и Епинал, ако цените дека заради тоа што нешто тука горело и се организирало некаков протест, треба да го анулирам овој почест на Франција, навистина немам што повеќе да кажам и кој требаше да биде лицето кое требаше да присуствува таму“, рече Петровска.
По направените анализи и утврдување на приложените сметки, Општина Битола деновиве изврши исплата на средствата на учениците од средните училишта кои користеа превоз за посетување на настава во периодот од почетокот на оваа учебна година.
На учениците кои поседуваа уредна документација (барање со фотокопија од лична карта на родител, фискални сметки, потврда за посета на настава од класен раководител), им беа рефундирани средствата за превоз, согласно донесената одлука во Советот на Општина Битола, информираа денеска од Општина Битола.
Локалната самоуправа денеска објави јавниот повик до доверителите на Општина Битола да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања. Овој повик се објавува според новиот Закон за финансиска поддршка на општините, средства што Владата на РМ ги обезбеди со ребаланс на буџетот, како помош за општините кои имаат неисплатени долгови. Општина Битола од Владата ќе добие 2,5 милиони евра.
Штитениците во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин“ од Битола денеска се израдуваа со нов телевизор кој сите заедно ќе можат да го користат во занималната во која минуваат дел од слободното време. Донацијата е од Општина Битола по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби , 3 Декември, што предизвика голема радост кај овие деца, а градоначалничката Наташа Петровска рече дека ова е најмалку што може да се направи за штитениците во Заводот
Општина Битола му ги врати позајмените автобуси на Скопје. Тие беа донесени во почетокот на октомври да помогнат ако има потреба во вршењето на линискиот и школскиот превоз кога превозниците изелгоа на протести и изјави дека нема да возат по новитот предлог тарифник. Откако стигнаа во Битола, имаше многу обвинувања дека се дотраени, но превозниците уште следниот дел продолжија со превозот.