Информации излегувале надвор од Општината, обвини Петровска

Декември 27, 2018

Информации излегуваат надвор од Општината што покажува дека делови од општинската администрација имаат елементи на непрофесионализам, за разлика од други кои професионално си ја обавуваат работата, рече градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет.

За време на советничките прашања, Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ, ја праша Петровска колку пари се потрошени за двете нејзини патувања во Епинал, и оние во Белград и Софија. Околу трошоците за патувањата во странство, таа ги повика советниците од опозицијата во сметководство да ги видат аналитичките картички, за кои рече дека сега се достапни за разлика од периодот кога тие беа во опозиција.

„Од говорница ги замолувам службите во сметководство било кој советник кога ќе ја побара аналитичката картичка да им ја дадат. Иако знам дека имаат целосен увид бидејќи информациите кои не ги добиле како информации од јавен карактер излегуваат надвор од општината, покажуваат дека дури има и сега спеги кои ги злоупотребуваат и ни покажуваат дека одредени делови на општинската администрација имаат и елементи на непрофесионализам зашто не го прават тоа професионлано и онака како што законот им дозволува, за разлика од други кои совесно и професионално работат“, рече Петровска.

 Запрашана дали има санкции за лица кои непрофесионално работат и кои не си ги завршуваат работните задачи, Петровска одговори дека има санкции и покренати дисциплински мерки за одредени ситуации  согласно законот. Воедно формирана е и комисија која треба да кажи на кој начин треба да се толкува нивното однесување.

На денешната седница на Совет за време на  советнички прашања, Габриела Илиевска од Поинаку ja праша Петровска дали во Епинал заминала за време на протестот за чист воздух кој се одржал во Битола и зошто во делегација имало исклучиво советници од СДСМ.  

Петровска рече дека првиот пат била во Епинал лани, кога не се задржала ни 24 часа, повеќе се истрошила и не било шетање како што на некои советници им изгледало, а ден  претходно излобирала да се добијат средства за прочистителната станица за Дихово.

„Годинава кога бев во Епинал се славеа 50 години од збратимувањето. Ако имате делегации од сите збратимени градови од Англија, Италија, Чешка, Германија каде што целосно програмата беше посветена на збратимувањето на Битола и Епинал, ако цените дека заради тоа што нешто тука горело и се организирало некаков протест, треба да го анулирам овој почест на Франција, навистина немам што повеќе да кажам и кој требаше да биде лицето кое требаше да присуствува таму“, рече Петровска.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани