2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Советот на Општина Битола на предлог на градоначалничката Наташа Петровска, ја донесе програмата за развојни планови на општината во периодот од 2021-2023 година.

Предлог програмата беше усвоена со 16 гласови за, од советниците на коалицијата предводена од СДСМ, а против програмата гласаа 7 присутни советници од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и независната Поинаку.

Висината на средствата на тригодишната развојна програма изнесува 568.405.183,00ден. За изградба и реконструкција на улици и патишта во Општина Битола се предвидени во износ од 151.671.008,00ден и тоа за ул. „Илинденска“, дел од ул. „Довлеџик“, ул. „Индустриска“, ул. „Ѓорги Беќаров“, ул. „2-ри Август“ и „Булевар 1-ви Мај“.

Предвидена е реконструкција на мостовите на река Драгор и река Курделец на улица „Довлеџик“ во износ од 56.846.791,00ден. За реконструкција на локалниот пат за село Трново-Магарево 25.923.872,00ден, како и за локалниот пат за с. Буково во износ од 9.812.958,00ден.

Ревитализацијата на поранешниот Офицерски дом според планираните активности треба целосно да заврши во 2021 год. Од буџетот на општината планирани се средства во износ од 22.324.500,00ден..

За доизградбата на Северната трибина на градскиот стадион под Тумбе кафе е предвидено е да се исплатат 120.000.000,00ден. во 2021 година, а во првата половина од 2022 год. 82.000.000,00ден.

Гасификација на Општина Битола е процес кој е од исклучително значење за градот. Општина Битола согласно определбите е во завршна фаза со изработката на проектот за инфраструктура и основниот проект за „Изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа, во корелација со топлификација на Општина Битола“. За почеток на имплементација на овој проект односно изградба на гасификационата мрежа, Општина Битола за 2021год. планира средства во износ од 18.000.000,00ден.. Но самиот процес на гасификација ќе зависи од одлуката на Република Северна Македонија за начинот на експлоатација на гасификационите системи во градовите и од пристигнувањето на магистралниот гасовод до Битола.

Предвидени се 31.519.800,00ден. за изградба на прва фаза- карабина на градинката во АРМ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани