2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Десеттина невладини организации од Битола на православниот христијански празник Бадник го посетија Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола и организираа Бадникова вечера, со традиционална посна храна и многу овошје. Настанот го збогати и настапот на Византискиот црковен хор ,,Св. Нектариј Битолски“,

Помеѓу организаторите, беа и здруженија на Турците, Ромите и Албанците во Битола, кои заедно со Македонците заеднички го одбележаа овој значаен ден за православните граѓани.
Ова не е прв настан организиран од истата екипа. Пред десеттина дена, истите здруженија го организираа и Хуманитарниот новогодишен базар на Широк Сокак, поддржан од Општина Битола.

Бадниковата вечера ја помогнаа и неколку битолски фирми. Заедничката вечера за сите донесе мир во душата и љубов во срцето. 270244310 1690251014639922 1438560927327603600 n
 
270993515 426357642502599 6926295109412006314 n
 
 
271079951 599280914506208 2944132410737498993 n
 
271189589 1229096954243715 2902712968411180932 n
 
 270242540 3205551263024413 6800896350108033629 n
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани