АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Општина Битола во изминативе три дена се поделени над 300 хуманитарни пакети преку ОО СДСМ.
Во акцијата учествуваа голем дел од членовите, раководството на општинската организација, градоначалничката Наташа Петровска, советници и кандидатите за пратеници.
-Голема благодарност до сите наши членови, симпатизери и граѓани кои несебично донираа и овозможија оваа акција да се реализира во овој обем. На овој начин уште еднаш ги докажавме и покажавме бескрајната солидарност и емпатија кои се главни карактеристики на СДСМ, велат битолските социјалдемократи.