АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Ресен објавува конкурс за двајца стручни соработници, едниот за физички и хемиски истражувања, а другиот за биолошки истражувања на Препанското Езеро. Врботувањата ќе бидат преку Агенција за вработување за ноември и декември 2020 гододина, со можност за продолжување на договорите, зависно од покажаните резултати.
Работата ќе се извршува во просториите на општина Ресен, во Мониторинг станицата за Преспанско Езеро во Стење и на терен во Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“ и пошироко во сливот на Преспанско Езеро.
Стручните соработници ќе бидат ангажиран на спроведување на програмата за мониторинг на Преспанско Езеро и Паркот на природа Езерани во делот на истражувањата. Ќе вршат теренски мерења и земање на примероци за лабораториска анализа од Езерото и неговиот слив (два пати месечно, ноември и декември), вршење на хемиски, физички и биолошки анализи на земените примероци во лабораторија и подготовка на извештаи од извршените анализи, интерпретација на резултатите и споредба со резултатите од претходни анализи.