АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На две недели пред почетокот на учебната година денеска само гимназијата „Таки Даскало“ повторно е вклучена на електричната мрежа, останатите школи, Медицинското училиште и осум основни училишта и натаму се без струја.
Од 25 јули, најголем дел од училиштата во Битола беа исклучени од електричната мрежа поради неплатени обврски кон ЕВН, бидејќи долго време се со блокирани сметки. Ситуацијата е наследена од бившата власт на ВМРО-ДПМНЕ каде имаше училишта кои и по седум години не плаќале струја.
Сега, се уште без струја остануваат средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ , ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Даме Груев“, ОУ„ Коле Канински“ , ОУ„ Трифун Пановски“ и подрачните „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица и „Александар Турунџев“ во Кукуречани .
Со голем број активности и настани, кои започнаа на 20 април и ќе траат до 9 мај, СОУ „Таки Даскало“-Битола, го одбележува својот патрон празник.
Централната манифестација ќе се одржи денеска, 3 мај, во 17 часот во просториите на училиштето, а како дел од свечената програма, на учениците ќе им бидат врачени благодарници кои СОУ „Таки Даскало“ - Битола им ги доделува на основните училишта за успешна меѓуучилишна соработка. Исто така ќе бидат доделени и пофалници за творби кои конкурираат на поетскиот, ликовниот и конкурсот за најдобра макета „Убав е мојот град“ за учениците од основните и средните училишта во Битола и битолско.
Херојството на партизаните од првиот битолски партизански одред „Пелистер“ кај Ореовата корија, кога храбро загинаа седумина херои е опеано во народната песна „Таму ле мајко близу Битола“, но за жал песната веќе осум години не одѕвонува низ градот под Пелистер. По ритамот на оваа композиција порано отчукуваше битолскиот градски часовник. Но, во 2009 година со образложение на општината дека се репарира механизмот, дел од песните се изгубија што предизвика големи критики кај битолската јавност. Тогаш градоначалникот Владимир Талески најави дека репарираниот механизам наскоро ќе има можност да изведува повеќе песни, но до денес остана да одѕвонува само „Битола мој роден крај“. .