2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Саат-кулата осум години не ја отчукува песната за Ореовскиот бој

Октомври 10, 2017

Херојството на партизаните од првиот битолски партизански одред „Пелистер“ кај Ореовата корија,  кога храбро загинаа седумина херои е опеано во народната песна „Таму ле мајко близу Битола“, но за жал песната веќе осум години не одѕвонува низ градот под Пелистер. По ритамот на оваа композиција порано отчукуваше битолскиот градски часовник. Но, во 2009 година со образложение на општината дека се репарира механизмот, дел од песните се изгубија што предизвика големи критики кај битолската јавност. Тогаш градоначалникот Владимир Талески  најави дека репарираниот механизам наскоро ќе има можност да изведува повеќе песни, но до денес остана да одѕвонува само „Битола мој роден крај“.  .

 

 По повод државниот празник 11 Октомври, ви ги пренесуваме записите на историчарот Јован Кочансковски за хероизмот на четата „Пелистер“. Забележал дека по крвавиот бој во Ореовската корија окупаторската војска не можела да поверува дека водела борба само со седум партизани, од кои три жени.  Поради лутиот отпор и голема пожртвуваност што ја пружиле борците, непријателот отпрво мислел дека спроти себе има цела баталјон, а не само неколкумина борци.

Одредот бил  формиран од 21 партизан

Повикувајќи се на сеќавања на партизански активисти, Кочансковски запишал дека првиот битолски партизански одред бил формиран на 22 април 1942 година. Него го формирал Стив Наумов, како раководител на Месниот воен штаб и во таа прилика зборувал за значењето на народно-ослободителната борба и придонесот што кон неа требало да го даде одредот „Пелистер“. Народната песна вели дека одредот бил формиран во Лавчанската корија кај Дванаесетте кладенци. Во стројот имало 21 партизан, а за политички комесар бил избран Таќи Даскало.

Бројниот состав на одредот го сочинувале 16 партизани од Битола и 5 од Прилеп, меѓу кои имало четири партизанки. По формирањето започнала обука за ракување со оружје и тактички вежби. За тоа биле одговорни Тодор Ангелевски- Строгов и Киро Крстевски –Платник. Посебно внимание се посветувало на идеолошко-политичката и културно-просветната работа.

Предавството на селскиот говедар

При крајот на април започнале со подготовки за одбележување на Први Мај. Сите имале одредени обврски, кој обезбедување, кој припрема на храна или подготовка на програма.

Според записите на Кочанковски,  неочекувано во близина на логорот се нашол селски говедар од Брусник. Наводно, за да види што е тоа таму во шумата што чади. Стражата го привела, а Штабот откако го сослушал, одлучил да го ослободи за да не го бараат од селото. Партизаните не процениле што ќе изроди посетата на говедарот. Тој, откако бил ослободен, го известил кменот во Дихово, а тој окупаторската војска.

Така, Први Мај во реонот на партизанскиот логор пристигнала воена патрола која заробила тројца невооружени борци, кои прибирале дрва за потребите на логорот. Меѓу заробените бил и командантот на одредот Ѓорги Наумов, братот на Стив Наумов.

Одредот бил приморан да се префрли во Ореовската корија. Но, таму освен заробените партизани ги немало и оние што претходно чувале стража. Борбениот строј на 21 се намалил на 16 борци. Имале потреба да воспостават врска со партизаните од градот, но тоа било оневозможено поради блокадите на окупаторската војска. Еден од партизаните се предал и го предал и одредот. Благодарение на тоа непријателот имал податоци каде се наоѓал одредот, кај месноста Г.Збел и Неолица.

Останале 14 борци и наместо да го напуштат тој терен  и да отидат на посигурно место, во Грција или преку Пелистер во италијанската окупирана зона, се обиделе да воспостават врска со Стив Наумов, во Битола испратиле уште двајца борци и бројот им се намалил на 12.Pelister oreovo

На боиштето останале седумтемина  најхрабри

На трети мај војниците од 54 пешадиски полк и фашистичката полиција од Битола ја започнале операцијата за ликвидирање на партизанскиот одред. Непријателската војска им била на дофат на очите на партизаните. Бидејќи немало друг излез, вооружената борба со бројно и технички надмоќните окупаторски сили била неизбежна. Но, и во такви услови двајца успеале да го избегнат опкружувањето, еден ги напуштил позициите и двајца се предале.

На боиштето се нашле седумте најхрабри,  од кои четири партизани и три партизанки: Taќи Даскало, Елпида Караманди, Димче Хаџипоповски од Битола и прилепчаните Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Венда Темелковска-Ѕвезда, Јосиф Ордановски-Јоска и Ордан Михајловски- Оцка. Тие останале доследни на заветот за борба за слободна Македонија. Свесни за неизбежноста на ситуацијата, останале непоколебливи, решени пред олтарот на слободата на татковината, да го положат најскапоценото- младите животи, запишал Кочанковски.

Во жестоката и нерамна борба , од седмтемина херои, жива, но тешко ранета била заробена само Ѕвезда.

Кога окупаторските војници и полицајци дошле на местото на борбата, не можеле да поверуваат дека нивната единица водела борба само со седум партизани , од кои три жени.  Тешко ранетата Ѕвезда била сведок на масакрирањето на мртвите тела на партизаните.

Загинатите борци од Ореовската епопеја, најпрво биле префрлени во болницата каде бил утврден нивниот идентитет, а потоа закопани кај полициската градина на патот за Охрид.

Конечниот биланс на првиот битолски партизански одред бил шест загинати во непосредна борба со фашистичката војска и полиција, двајца обесени во Скопскиот затвор ( Ѓорги Наумов и Блаже Рогузинаро) и девет осудени на разни временски казни. Четворица кои успеале да ја избегнат окупаторската освета повторно заминале во партизани, меѓу нив бил и Строгов. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани