АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сите граѓани над 40 години од градовите низ Македонија кои се пријавиле за вакцина до 30 април, во наредните три дена ќе добијат термин за вакцинација, најави министерот Венко Филипче
Во текот на денешниот ден, 15 мај, во Битола од закажани 630 граѓани и уште 100 од Кромберг и Шуберт, се вакцинирани 558 граѓани, информираат од Здравствениот дом.
2021 година кога мислевме, се надевавме, дека со тоа што дојде оваа најочекувана година, ќе завршат нашите маки со ковидот. Не! Можеби само почнавме поинаку да гледаме на пандемијата, да бидеме повнимателни, да не ги вадиме маските од носот и устата. И да, да ја очекуваме ВАКЦИНАТА, било која, било каква, произведена од било кој, нека ја има произведено и самиот ѓавол, само нека дојде и кај нас. Да не се чувствуваме како тринаесетто прасе за кое нема цицка на маторицата-мајка.
Светот почна нагло да се вакцинира, слики од боцнати рамења гледаме секојдневно, во очекување дека и нашето рамено ќе дојде на ред. Некои доктори (не сите) се дупнаа (ставија вакцини). Некои медиумски работници (не сите) исто се дупнаа (вакцинираа). Но, многу малку дупнати.
Македонците, Македончиштата и Македончињата кои живеат во светот, почнаа со дупење на рамената, гледаме по социјалниве медиуми. Македонците во Македонија тешко дека во догледно време ќе го разголат раменото за да се вклучат во семејството дупнати со вакцина за коронавирусот.
Па, затоа ми паѓа на ум една лудост. Си велам: како не се најдоа десетина умни и богати Македончишта, да седнат на зум, да се издоговорат и да излобираат по Астриве, Џонсониве, Спутнициве и ред други како и да се викаат, да порачаат (па и да ги платат, зошто да не) два милиони вакцини, за нивниов род да се спаси. Македонци од Македонија и од дијаспората, заедно. Сигурно ќе се најдат десетина-дваесет кои можат ова да го направат. За себе и за своите во стари крај. Надвор од напорите кои ги прават надлежните.
Во 2021 не треба веење на знамиња, да заврши ова чудо, потоа нека си продолжат со старите навики и потреби.
Во 2021 треба ВАКЦИНА. За сојов МАКЕДОНСКИ да не се сотри, за да преживееме, како најстар, библиски сој на светот (нели така си се фалиме).
Дали ќе се изнајде маж кој ќе го стави својот образ, својот авторитет, па и својот џеб ако сакате, во одбрана на МАКЕДОНСКОТ СОЈ.
Прашање на столетието, на милениумот можеби.
Каде сте Македончиња, каде сте, кај отидовте?