2win800x200

Големото „ривалство“ меѓу Битола и Прилеп трае со векови како два соседни града на оддалеченост од само 50-тина километри. Ама, за среќа, ривалството беше избришано од животот со корона вирусот. Битолчани овој пат се откажаа од „натпреварот“ со прилепчани и сочувствуваа со ситуацијата во соседниот град, па на крај памет не им падна да продолжат со традиционалните мајтапи, особено не на оваа тема.

Во земјава има вкупно 500 пациенти оздравени од коронавирусот, а само денеска се регистрирани 126 оздравени.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:
- Скопје 3
- Куманово 8
- Прилеп 2
- Струга 2
- Велес 2
- Гостивар-1
- Виница 1
Со ова вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386 лица. Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања.
Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба, информираа од Министерото за здравство. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани