2win800x200

Веќе два дена во битолските аптеки трае навалица од купувачи кои се снабдуваат со различни антибактериски средства за дезинфекција на рацете и други површини.

Фармацевти за Апла.мк велат дека утрово добиле нова пратка и за половина час битолчани ја разграбале. Па, денес претежно на рафтовите беа останати антибатериски гелови од 50 милилитри. Овие средства за дезинфекција  на рацете можат да се набават по цена околу 50 денари за педесетина милилитри.

На веб-страницата на Светската здравствена организација можете да ги најдете сите важни информации поврзани со новиот коронавирус.

Со  цел превенција од ширење на коронавирусот, а согласно Заклучоците донесени на седница на Владата на Република Северна Македонија, Општина Битола, ги информира граѓаните дека превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола, од утре 13.03.2020, ќе сообраќаат на линиите кои ги одржуваат до 17.00 часот.

Како се пренесува КОВИД-19 и како да се заштитите? Погледнете го и споделете го видеото од Светската здравствена организација.

Страница 6 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани