2win800x200

Битолчани ги празнат аптеките и маркетите, купуваат средства за дезинфекција, маски и брашно

Март 12, 2020

Веќе два дена во битолските аптеки трае навалица од купувачи кои се снабдуваат со различни антибактериски средства за дезинфекција на рацете и други површини.

Фармацевти за Апла.мк велат дека утрово добиле нова пратка и за половина час битолчани ја разграбале. Па, денес претежно на рафтовите беа останати антибатериски гелови од 50 милилитри. Овие средства за дезинфекција  на рацете можат да се набават по цена околу 50 денари за педесетина милилитри.

 

„Посебно полседниве два дена има голема навалица на купувачи кои бараат средства за дезинфекција на раце. Воедно, нѐ прашуваат што сѐ друго можат да купат како заштита од вирусот“, вели аптекарка за Апла.мк.

Низ некои од аптеките денес беа прикачени и натписи дека добиле маски за лице. Маските се продаваат по цена од 20 и 30 денари. Битолчани ги купуваат, иако медицинските лица во повеќе наврати апелираа маски да носат само луѓе кои се болни, а не и здравите.

Денес во Битола главна тема беше забраната за работа на кафулињата и рестораните по 18 часот. Движејќи се низ градот на секој агол можеа да се чујат кометари за тоа. Според едни прифатлива мерка зашто учениците и студентите нема да одат по кафулиња и ноќни барови. Други коментираа дека ова ќе значи колапс на угостителството во градот. Сепак, денес кафулињата во предпладневните и пладневните часови беа полни.

Учениците да не излегуваат по јавни места како кафулиња, ноќни клубови, ресторани и други места за забава како би се спречиле појавата и ширењето на коронавирусот, апелираат дел од средните училишта во Битола на нивните интернет-страници, откако наставата беше прекината со одлука на Владата. Тие реагираат откако дел од средношколците ова го доживеаја како распуст, па уште во вторникот вечерта, а и вчера ги наполнија кафулињата, пицериите и слаткарниците.

„Ги известуваме сите ученици да се придржуваат до препораките на Министерството за здравство и Владата за превенција од коронавирусот, да не посетуваат воннаставни и други приватни активности, како курсеви, обуки, културно-уметнички друштва, спортски тренинзи и спортски натпревари и да не излегуваат на јавни места како кафулиња, ноќни клубови, ресторани и други места за забава, како би се спречиле појавата и ширењето на вирусот“, пишува на интернет-страницата на средното општинско училиште „Таки Даскало“ од Битола.

И гимназијата „Јосип Броз Тито“ им порача на своите ученици да бидат совесни граѓани и да избегнуваат собири со повеќе луѓе.

Покрај средства за дезинфекција, има и навалица по брашно, масло, паштети, шеќер, сол. Голем број битолчани ги испразнаа рафтовите со овие намирници по продавниците. Создаваат залихи од овие прозиводи во случај да се рашири болеста, иако министерот за здравство Венко Филипче апелираше дека нема потреба од купување поголема количина храна..

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани