АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Трендот на зголемување на бројот на заболени од коронавирус во петтиот бран веќе започна, а министерот за здравство Беким Сали денес изјави дека поради летниот период и движењето на граѓените се очекува динамиката на ширење да биде поголема од претходните бранови. Тој апелираше до граѓаните да бидат внимателни и да се вакцинираат со што ќе се здобијат со дополнителен имунитет зашто уште не е направено секвенционирање на типот на коронавирусот што се шири во петтиот бран.
„Тоа што е денес 190 позитивни случаи во тек на една недела може да стигне до 1000. Што порано се заштитиме толку подобро ќе биде за сите нас. Ние во континуитет ќе правиме повици кон јавноста да бидат внимателни. Ова ќе го повторуваме секој ден се додека не сметаме дека е можеби дојден моментот за преземање рестриктивни мерки како изолација, задолжително носење маска на затворено. Ќе продолжиме со покани за вакцинација на лица од ризични групи, а тоа се хронични болни и над 60 години. Во државата имаме на располагање 480 000 вакцини си рок на траење до крајот на октомври и до крај на година. Ги повикуваме заинтересираните граѓани да се упатат кон вакциналните пунктови, ги има 40, да се здобијат со дополнителен имунитет зашто за петтиот бран уште не е направено секвенцконирање на типот на вирус кој е присутен меѓу нас“, рече министерот за здравство.
Тој додаде дека најмногу е против воведување на рестриктивни мерки, но доколку не одговориме позитивно на апелите што надлежните ги упатуваат за зголемена внимателност и заштита, а бројките продолжат да растат, ќе бидат приморани да преземат и рестриктивни мерки.