2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општина Битола ќе донира 20 000 евра за набавка на 2000 брзи тестови за коронавирус

Ноември 12, 2020

Градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет предложи точка на дневен ред за финансиска поддршка на Центарот за јавно здравје во висина од 20 000 евра, кои ќе се наменат за набавка на најмалку 2000 брзи тестирања со кои граѓаните ќе можат да имаат дијагноза на својата состојба за многу кратко време од 15 до 20 минути.

„Имајќи во предвид дека бројките на заболени постојано се зголемуваат чинам дека поддршката со вакви тестови е потребна зашто брзото детектирање на состојбата на граѓаните доведува до bрза интервенција за изолација , а со тоа се штитат и граѓаните во нивно опкружување. Ова е веќе трета донација на Oопштина Битола со нашите здравтвени институции. Првата беше во висина од 10 000 за поддршка на лабораторијата во Центрарот за јавно здравје, втората за кислородна поддршка на болницата од 10 000 евра и сега 20 000 евра за тестови“, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани