2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Градинката „Ѕвездичка“ затворена, за „Славејче“ се чекаат резултати

Ноември 11, 2020

Градинката „Ѕвездичка“ од вчера е затворена откако две воспитувачки се позитивни на коронавирус, а за негователката од групата јасли се чекаат денес резултатите од тестот, потврди директорката на „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска. Во изолација се 23 деца, а доколку и негователката излезе позитивна, уште шест деца ќе се изолираат или вкупно 29.

Во градинката „Славејче“ има воспитувачка и негователка кои имаат покачена телесна температура, за кои се закажани тестови, а децата од нивните групи се вратени дома. Другите воспитни ггрупи во „Славејче“ продолжуваат со работа.

Овие две градинки се под централната „Мајски цвет“. Ова не се први случаи на коронавирус меѓу вработени во битолски градинки. Во градинката „Коца Василева“во септмеври во два наврати беа изолирани вкупно 18 деца и шест вработени поради тоа што во првиот случај имаше позитивна негователка, а во вториот случај воспитувачка.

Директорката на „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска вели дека во градинките доследно се почитуваат протоколите, а лицата се заразуваат надвор, а не во градинките. Таа вели дека воспитувачите и негователките секој ден се во контакт со по 15 деца и нивните родители кои ги носат в градинка. Доколку се случи некој од родителите да биде без маска, веднаш го враќаат назад. Од градинката апелираат сите да се придружуваат до мерките за заштита за да се штити здравјето на децата и вработените.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани