АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, упати апел до сите граѓани совесно да се однесуваат и да ги почитуваат сите мерки и препораки од надлежните во услови кога е прогласена пандемија од Светската здравствена организација. Таа рече дека потребно е да реагира професионално, според утврдена хиерархија, со строги протоколи, во кои точно и прецизно секој си ја знае сопствената работа и сноси сопствена одговорност.
Уште шест лица се заразени од коронавирусот со што бројот на заболени се искачи на 18, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче, Петмина од нив се од Дебар и една заболена е жена која синоќа се вратила од Шпанија, а за 51 патник кој патувале со неа во авионот е дадено решение за домашна самоизолација. Останатите шест тестирани не се позитивни на КОВИД 19.
Општина Битола упатува апел да се почитуваат препораките и законските одредби донесени од страна на Владата, како и препораките дадени од страна на Општина Битола. Градоначалничката, Наташа Петровска апелира до своите сограѓани да се однесуваат одговорно кон своето и кон здравјето на сите останати во заедницата:
Кафулињата на Широк Сокак, казината и кладилниците, сендвичарите на Шеталиштето, па дури и некои трговски објекти на главната битолска улица, вечерва целосно ги почитуваат мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на корона вирусот.
Работното време е до 18 часот, по што апла.мк направи обиколка, а фотографиите од центарот на градот сведочат дека сите овие објекти ставија клуч на врата.
Со цел превенција од ширење на коронавирусот, а согласно Заклучоците донесени на седница на Владата на Република Северна Македонија, Општина Битола, ги информира граѓаните дека превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола, од утре 13.03.2020, ќе сообраќаат на линиите кои ги одржуваат до 17.00 часот.