АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште шест лица се заразени од коронавирусот со што бројот на заболени се искачи на 18, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче, Петмина од нив се од Дебар и една заболена е жена која синоќа се вратила од Шпанија, а за 51 патник кој патувале со неа во авионот е дадено решение за домашна самоизолација. Останатите шест тестирани не се позитивни на КОВИД 19.
Поради новонастаната ситуација се воведуваат нови мерки за спречување на ширењето на вирусот.
Се затвораат сите кафулиња, барови, клубови, казина, моловите, а ќе работата само аптеките, супермаркетите и продавниците за храна. Сите угостителски објекти ќе работат на алтернативен начин, односно ќе може да работат со нарачки и да вршат достава на храна.
Се затвараат сите копнени гранични премини, со исклучок на Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. Се затвора и граничниот премин Меџитлија. Се забранува влез на странски државјани и од земјите со среден ризик. Се затвора аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид во рок од 48 часа од донесувањето на одуката.
Од денес се забранува влез на странски државјани и од земјите со среден ризик, освен за оние за кои ќе даде мислење МНР.
Владата го задолжи Минстерството за здравство на секој наш граѓанин кои доаѓа од странство да му овозможи да потпише документ за самоизолација.