2win800x200

Одводните канали во Пелагониското поле во делот на Општина Новаци се чистат  пред есенските дождови. Денеска механизација на „Водостопанство-Битолско поле“ чистеше на потегот кај селото Рибарци, а екипи од претпријатието повеќе од 30 дена е во атарот на Општина Новаци.

Општина Новаци на јавна расправа  одлучуваше за намерата на локалната самоуправа долгорочно да се задолжи во Вториот проект за подобрување на општинските услуги финансирана со заем од Меѓународната банка за обнова и рaзвој – Светска Банка за набавка на градежна механизација (скип со придружна механизација, камион-кипер и камион цистерна).Вкупниот износ на потребните средства изнесува 250 000 до 300 000 евра.

Јавната расправа се одржа во општинската сала на која присуствуваа преставници од локалната самоуправа, месните заедници, невладини организации и градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузмановски. Претставниците од месните заедници едногласно го прифатија  ваквиот предлог и дадоа подршка за набавка на градежната  механизација.

Градоначалникот истакна дека со набавката на градежната механизација, повеќе нема да се објавува тендер за зимско одржување на локални патишта и улици,тендер за чистење на дивите депонии,тендер за ангажирање на дел од градежна механизација, исто така оваа механизација ќе се користи за носење на градежни материјали по селата за потребите на месните заедници, ќе се врши ископ на каналчиња и правење на собирници за напојување на стоката, а ќе се вршат и други градежни активности за потребите на месните заедници.

Инаку општината средствата ги добива како долгорочно препозајмување во македонски денари по пат на склучување на договор за под-заем со Министерство за финансии под следните услови:1.рок на отплата до 13 години со вклучен грејс период до 3 години, 2.каматна стапка која е еднаква на каматата што ја плаќа Република Македонија кон Светска банка.

Општина Новаци е на вистински пат, цврсто трасиран кон урбана, современа, претпознатлива општина каде главна карактеристика се инвестициите во инфраструктурата , локалниот економски развој , руралниот и меморијалниот туризам и меѓународната соработка. И во наредниот период продолжуваме со истото темпо , со нови проекти и активности со единствена цел да ја направиме општина Новаци поубаво место за живеење на сите граѓани, рече  градоначалникот Љубе Кузмановски на отчетот што денеска го даде пред граѓаните за една година  раководење со пелагониската општина Новаци.

Учениците од одделенската настава во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од село Новаци денеска присуствуваа на детската претстава „ Волшебна приказна“ која ја изведе театарот „ Колозов од Скопје.Проектот е насловен како „Прикажување на театарски претстави во рурални средини“.

На овој начин учениците се запознаа со театарската уметност и се дружеа  со познатите актери Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички и Перуника Киселички.

Активноста ја реализира Сојуз на здруженија за рурален развој „Мрежа на Лагови“ во рамките на „Нов културен бран 2018“ поддржан од Министерство за култура на РМ. 

Почитувани сограѓани,

Од мое лично име и од името на Советот на Општина Новаци , дозволете ми на сите граѓани да им го честитам 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.
На овој ден, пред точно 27 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно се решија за своја сопствена, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани