АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод Денот на полицијата и безбедноста 7-ми мај, Полициско спортскиот планинарски клуб
„7-ми Мај“ од Битола го организира осмиот традиционален планинарски марш „Смилево 2019“.
Маршот ќе се изведе оваа недела од шест часот наутро до 16 часот попладне, на релација Битола – превој Ѓавато(Дервен) – пл.врв Пирамида – чешма Горановец- с.Смилево – Битола.
Собирањето на учесниците на маршот е во времето од 06.оо до 06.15 часот кај фонтаната пред СВР Битола и превезување на истите со автобус до превој Ѓавато (Дервен).Стартот на маршот е во 07.оо час. Враќањето од Смилево до Битола е предвидено во 16.00 час.
Од страна на организаторот е обезбеден ручек во село Смилево.
Од ПСПК „7-ми Мај“ порачуваат сите учесници на маршот да бидат во добра психофизичка кондиција. Задолжително е користење на планинарска опрема и облека, задолжително и облека против дожд. Патеката е средно тешка, маркирана и во должина од 18 километри.
Седми мај се слави како Ден на полицијата зашто на овој ден на Смилевскиот конгрес во 1903 година биле формирани и првите полициски чети за обезбедување конгресот.