АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола поради поларната зима, има зголемување во потрошувачката на водата од градскиот водовод. Граѓаните стравуваат од пукање на водоводните цевки, па ги оставаат чешмите да течат. Горан Козаров директор на ЈП „Водовод“ вели дека зголемувањето е од 30 до 50 литри во секунда што сепак е во границите на нормалата, а досега пријавени се само неколку проблеми од студеното време предизвикани кај водомерите.